Средба на Ахмети со британскиот амбасадор Гарет

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со британскиот амбасадор Чарлс Гарет, при што разговараа за политичките активности во земјата и регионот, законот за јазиците, за состанокот на претседателството на ДУИ, како и за евроатланската интеграција на земјава.

Ахмети истакнал дека со усвојувањето на Законот за јазиците се заокружува нормативниот дел од Охридскиот договор, кој е загарантиран од ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ, соопшти ДУИ.

- Општеството и политичките лидери треба да продолжат со посветеноста кон усвојување и спроведување на системските реформи како и да се постигне достоинствен компромис со Грција во врска со спорот за името, е оценето на средбата.

Било констатирано дека од услехот на овие две прашања зависи нашиот пат кон ЕУ и НАТО кој овозможува одржлив мир, безбедност и стабилност, но и благосостојба и економски развој.

Ахмети го запознал британскиот амбасадор дека ДУИ заокружила едно поглавје од нејзината политичка активност и почнала да ја гради утрешнината на партијата, се наведува во соопштението на ДУИ. 

 

 

 

17.03.2018 - 20:55
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа