Спасете ги лошо „искубените“ веѓи во 3 чекори

Полните веѓи го обликуваат лицето и очите, визуелно ги намалуваат темните кругови околу очите и останатите неправилности на лицето, а тоа ги прави да се посакани отколку тенките веѓи. За да им го вратите природниот изглед на премногу искубените веѓи и да ги доведете во ред , користете ги следните трикови.

За да ги „оправите“ премногу искубените веѓи потребни се шест месеци, во текот на кои се препорачуваат корекции на секои шест недели. Во меѓувреме природниот изглед на веѓите можете да го одржувате уреден со помош на три едноставни трикови- советува Анастасија Суаре, американска козметичарка.

Прв чекор

Врвот на моливот свртете го нагоре и потпрете го вертикално до најшироката линија на носот. На ист начин моливот насочете го од врвот на носот до надворешниот агол на окото. Точката над окото би требало да биде местото каде веѓата завршува, а точката на лакот ќе ја пронајдете ако моливот го насочите од врвот на носот до средината на окото. Највисоката точка над окото на горната линија на веѓата е природна средина на веѓата.

Втор чекор

За да ја пополните празнината и да ја задебелите тенката линија на веѓите, употребувајте молив со четка за веѓи и убав врв, кој е во иста нијанса како и вашите веѓи. Прецизниот врв ќе ви помогне да направите природен изглед и прецизно да ги нацртате влакната, а четката е неопходна, бидејќи со чешлањето на веѓите лесно го следите природниот облик на веѓите кој сакате да го постигнете.

Трет чекор

За убедлив природен изглед на веѓите помага нанесувањето на пудра за веѓи koja e за нијанса посветла од бојата на вашите веѓи. Пудрата ќе ги ублажи грубите линии на моливот, а за постигнување на тродимензионален изглед употребете светол коректор. Повлечете линија под веѓите и размачкајте ја со четка.

 

 

 

19.06.2017 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа