Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на Советот на Струмица

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја напуштија работата на 4-та седница на Советот на општина Струмица, во знак на, како што рекоа поддршка и солидарност со притворените за настаните од 27 април во Собранието на РМ.

- Во чест и поддршка, солидарност на нашите родољубиви браќа Македонци и сестри и мајки и татковци, родители, уставобранители на Македонија кои се неправедно обвинети и притворени од страна на моменталната власт, ја напуштаме денешната седница на Советот, рече координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Донев.

Тие не прецизираа дали ќе присуствуваат на другите седници на Советото. Претседателот на Советот, Марјан Даскаловски рече дека политиката не смее да биде дел од работата на ова тело.

- Сакам да прашам дали насилнот влегување во Собранието, тепањето на пратениците и присутните новинари е патриотизам? Дали треба тие да се солидаризираат и во нивна чест да не дебатираат за останатите точки кои беа на дневен ред и се од интерес на граѓаните. Сметав дека оваа советничка група е поразлична и дека нема да води политика туку ќе работи во интерес на граѓаните на Општина Струмица. Советниците требаше да останат тука до крај, да дебатираат, да гласаат за или против. Притворените не се осудени, судот ќе каже дали го бранеле или кршеле Уставот, рече Даскаловски.

Инаку, на дневен ред на Советот беа 36 точки. 

 

 

 

07.12.2017 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа