Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија демонстративно ја напуштија седницата

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за заедничка Македонија продолжуваат да ги бојкотираат седниците на Советите на општините низ државата, во знак на револт за политичкиот прогон кој власта на СДСМ го прави кон оние кои не мислат исто како неа.

Денеска и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гевгелија ја напушти седницата на Советот во знак на поддршка за неправедно обвинетите и притворени како што велат „браќа и сестри Македонци“.

Тие порачаа дека Сашо Василевски, Игор Дурловски, Горан Ангелов, Богдан Илиевски, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Борис Дамовски и останатите притворени не се терористи.

Инаку, досега советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, Ѓорче Петров и Штип демонстративно во знак на поддршка за политички уапсените граѓани демонстративно ги напуштија седниците на Советите, додека советниците на опозициската партија од Вевчани, дадоа колективна како знак на поддршка на уапсените, меѓу кои е и нивниот сограѓанин и пратеник во Собранието, Крсто Мукоски.

 

 

 

07.12.2017 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа