Сопругот на Тајчи во болница- на него се испитува посебен лек за рак

Сопругот на Татјана Камерон, познатата пејачка Тајчи, сè уште се наоѓа во болница каде што е подложен на лекување на ракот на белите дробови од кој боледуваат непушачи.

На него во моментот се применуваат испитувања и тој е еден од првите луѓе на светот што поминува низ експерименталното лекување со Т-клетки, кои би можеле да бидат лек за рак.

Сопругот на Тајчи во мај бил подложен на друг третман што му го запрел ширењето на ракот, а семејството Камерон го изнело случајот преку страницата „GoFundMe“, која собира донации за скапите терапии.

Тој е со месеци во болница, а неодамна неговиот син му подарил прекривач со ликот на суперјунакот „Капетан Америка“ за да го охрабри во борбата со лошата болест.
 

 

 

 

16.07.2017 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа