Соништа кои значат дека наскоро ќе стапите во брак

На сите ни се случило да сонуваме нешто за коешто сме имале чувство дека ни навестуваат настани кои би се случиле во иднина. Па така, како што се верува, доколку сте го сонувале ова, во блиска иднина Ви претстои „застанувањето на лудиот камен“.

1. Клинец

Доколку насон заковувате клинци, и тоа некако Ви оди без никакви проблеми, тогаш и во вистинскиот живот работите ќе Ви одат глатко, а и очекувањата ќе Ви се остварат. Истиот сон може да значи и дека ќе ја отстраните моментната опасност во Вашиот живот. Ако пак, во сонот пронајдете клинец, тоа ќе рече дека ќе Ви се исполни желба, или дека ќе Ви се поправи материјалната состојба. Закривените клинци не се добар знак и во тој случај - внимавајте на домот и семејството.

2. Експлозија

Експлозија во сон навестува експлозија во Вашиот живот. Имено, Ви претстои голема можност - работите да тргнат кон подобро.

3. Жед

Ако сонуваме дека сме жедни, тоа укажува некоја незадоволена потреба. Задоволуањето жед пак означува стекнување можност и способност да ја исполните својата судбина.

4. Ждребе

Ждребето означува нови успешни потфати. Ако во сонот само го гледате ждребето, тоа значи нова, свежа животну енергија. Доколку пак, јавате ждребе, тоа значи - свадба на повидок.

5. Во брзање сте

Ако во сонот имаме чувство дека сме во брзање, тоа може да сугерира дека сме неподготвени за некоја ситуација. Тој сон исто така, може да значи дека и на јаве секогаш некаде брзаме и дека не одвојуваме доволно време за важните работи во животот.

6. Железничка пруга

Сонување железничка пруга може да симболизира неможност за промени во курсот. Можно е да Ви се укажува и на потреба за промени. Ако пак, шините се блокирани, можете да очекувате проблеми во работата.

7. Жито

Како симбол во соновниците, житото укажува на душевна храна, или пак, на Вашата вистинска исхрана, односно изобилството храна кое можеби Ве очекува на јаве. Житото е и симбол на постојани нови доживувања и искуства. Ако пак, житото е во лоша состојба, тоа е знак на потешкотии коишто може да Ве зафатат во блиска иднина. 

 

 

 

17.11.2017 - 23:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа