Собранието со променет состав почнува со работа по изборите

Првата собраниска седница ќе сеодржи веднаш по завршувањето на локалните избори, а се очекува собранискиот состав да претрпи одредени промени имајќи ги предвид оставките на двајца кандидати за градоначалници од албанскиот блок, но и изборот на неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство за градоначалници. 

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ги информира народните пратеници дека Чедомир Саздовски ќе функционира како независен пратеник, по неговото заминување од партијата ГРОМ. 

По првиот круг на локалните избори, пак, извесно е дека членови на пратеничката група на СДСМ повеќе нема да бидат Петре Шилегов, кој стана градоначалник на Град Скопје, Стефан Богоев кој победи во скопската општина Карпош, Сашо Поцков кој е нов градоначалник на Гевгелија и Максим Димитриевски, кој е избран за прв човек на Куманово. 

 

 

 

17.10.2017 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа