Собранието распиша оглас за избор на нов член на ДИК

Со 80 гласа „за“ и ниту еден „против“, пратениците во Собранието го усвоија предлогот за објавување јавен оглас за избор на член на ДИК.

Предлогот е поднесен од пратениците Африм Гаши, Томислав Тунтев и Ејуп Алими.

Со оваа одлука на местото на Бедреин Ибраими од ДПА,треба да се најде претставник од Движењето БЕСА како втора најголема опозициска партија.

По гласањето, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата поради како што кажа, да им даде повеќе време на партиите да ги завршат обврските кон ДИК во поглед на доставување кандидатски листи.

 

 

 

13.09.2017 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа