Собранието ги одложи интерпелациите за министрите Царовска и Николовски

Свечената седница по повод посетата на Претседателот на словенечкиот Државен збор Милан Брглез ја одложи расправата за интерпелација на работењето на министрите за земјоделство и за труд и социјална политика.

Иако закажана за доцна попладнево, Талат Џафери ја прекина седницата и засега нема информации кога пратениците ќе ја оценуваат работата на Николовски и Царовска, по барање на опозицијата.

Доцна синоќа пак во 56 гласа против Собранието ја отфрли интерпелацијата за работењето на шефот на дипломатијата Никола Димитров, а пратениците во следниот период треба да разгледуваат уште 4 интерпелации поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подбра Македонија.

Опозицијата побара Собранието да изгласа недоверба и за работењето на  министерот за култура Роберт Алаѓозовски, министерот за финансии Драган Тевдовски, за животна средина Садула Дураку, како и за министерот за здравство Арбен Таравари.

Според најавите, овие точки пред пратениците треба да се најдат до крајот на неделава. 

 

 

 

12.09.2017 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа