Со само една чаша од овој напиток до поздраво срце

Една чаша вино секој ден се одразува позитивно на срцето на дијабетичарите, особено ако виното е црвено.

Во првaта од ваков вид  студија на научници од САД и Израел се истражуваше здравјето на 224 дијабетичари во текот на 2 години.Резултатите покажуваат дека нивото на холестерол кај љубителите на виното се значително подобри од оние на луѓето кои не пијат.

Пациентите, од кои сите имаат дијабетес, беа поделени во три групи, во зависност од пијалоците кои ги употребуваат секоја вечер.

Една од групите пиеле црвено вино, втората – бело, а третата – само вода. Сите волонтери следеле медитеранска диета, изготвена од нутриционистите.

Покрај совршените нивоа на холестерол, љубителите на црвеното вино се претставиле први и на други крвни истражување, рече Европскиот конгрес на дебелината.

Покрај тоа лекарите додаваат дека како белото, така и црвеното вино ја подобруваат способноста на дијабетичарите да го обработуваат шеќерот.

 

 

 

24.09.2017 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа