Со помош на овој едноставен трик ќе се ослободите од молците во кујната

Ако молците се населат во вашиот дом тие знаат да бидат вистинска напаст.

Ако имате молци во орманите со облека, решението е лаванда, но доколку се населат во кујнските ормани, еве што треба да направите.

Најпрвин извадете се, испразнете го орманот и проверете ја храната која стоела таму дали има молци или пајажина, доколку има фрлете ја.

Дупчиња во опаковката исто така укажува на нивно присуство, тие нивните јајца може да ги положат и под капак на тегла, па затоа проверете и тами.

Орманите исчистете ги со правосмукалка а потоа со оцет и топла вода ( пола вода, пола оцет) со крпа пребришете ги површините. Производите не ги враќајте веднаш назад, туку почекајте недела или два за да се оигурате дека молците нема повторно да се вратат. Во меѓувреме ставете лаванда или ловоров лист, молците бегаат од овие миризби.

Пред да ги вратите назад производите пребришете ги или сменете им ја амбалажата, посебно внимание обрнете на брашното, зошто молците најчесто се кријат и ги положуваат своите јајца токму таму.

 

 

 

 

 

12.09.2017 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа