Снежна бура ја парализираше Америка - училиштата затворени, а по улиците 18 сантиметри снег

Реткото снежно невреме што го зафати југоистокот на САД предизвика хаос во држави како Северна и Јужна Каролина, Џорџија и Луизијана, кои не се навикнати на поголеми количества снег.

 

Невремето и поларниот ветер и што го зафати источниот брег САД ги собори температурите во Каролините, Алабама и делови на Вирџинија под минус 18 степени. Гувернерите на Џорџија, Северна Каролина и Луизијана прогласија вонредна состојба и ги предупредуваат возачите да внимаваат на смрзнатите патишта. Дурам, во Северна Каролина, се соочува со 23 сантиметри снег, додека во Вирџинија се измерени по 18 сантиметри. Училиштата се затворени во голем дел од југоистокот на САД, вклучително и во градовите Њу Орлеанс, Шарлот и Атланта.

Досега се пријавени четири смртни случаи во сообраќајни несреќи поврзани со невремето и мразот – два во Тексас и два во Џорџија. 

 

 

 

18.01.2018 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа