Сметка од вечерата меѓу Макрон и Трамп од 82.000 евра лажна

Еден интернет портал во Франција негодува поради високата сметка на вечерата меѓу двата претседатели Емануел Макрон и Доналд Трамп, заедно со нивните сопруги во ресторанот Жил Верн на Ајфеловата кула, но без притоа да провери дека сумата од 82.345 евра за која зборува е измислена од страна на белгискиот сатиричен портал Нордпресс, јавува дописникот на МИА од Париз.

Оваа лажна информација на францускиот портал, близок до крајната десница, не е прва од ваков вид, пишува Декодес на париски Ле Монд. Порталот дури и тврди дека таа информација била „потврдена“ од екипата на Макрон.

Се започна со статија на белгискиот сатиричен портал, кој тврдеше на 15 јули дека ја објавиле „неверојатната сметка “ од вечерата на двете претседателски двојки. Ова пропратено со многу лоши копии од сметка, која воопшто не е од вечерата.

Потоа во втората статија, во неделата на 16 јули, и преку твитер профил, кој му се припишува наводно на Макрон, тврди дека реалната сметка била 82.345 евра.

„Ние сме среќни да знаеме дека вечерата чинеше само 82.345  евра, наместо 154.953 иринизираше Нордпрессе.

Споменатите цени изгледаат навистина претерани, во ресторанот Жил Верн на Алан Дукас кој се наоѓа на вториот спрат на Ајфеловата кула. Француските телевизии го објавија менито. Менито „експеријанс“  чини 230 евра по гостин, и „пакетот вечера“ чини 950 евра за две лица,  шест чаши вино чинат 120  евра.

 

 

 

17.07.2017 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа