Скопски саем со нов газда: „ЕРА“ замина, нов сопственик „Кардфинанс“ од Бугарија

Словенците си заминаа од Скопски саем. Гвидо Омладиќ, сопственикот на ЕРА Велење и Пилон Самобор, ги продаде своите удели во компанијата. Нов газда на Скопски саем е компанијата Кардфинанс ДООЕЛ од Бугарија чиј сопственик е Георги Кехајов- пишува ФАКТОР

Според информациите на Фактор, преговорите за продажба траеле подолго време, а целата бизнис зделка се официјализирала на 28 јули. Информацијата за преземање на Скопски саем и официјално е објавена во Централниот регистар на Македонија.

Кардфинанс стана сопственик на 55.000 квадратни метри на Скопски саем, најголем центар за изложби и саеми во Mакедонија, што е дел од 16 хектари земјиште во сопственост на компанијата.

Инаку, претходниот сопственик - Ера во Скопје требаше да гради трговски и забавен центар, деловни згради и хотел. Проектот „Ера сити“ беше најавен помпезно, а на удирањето на камен темелникот беше и тогашниот премиер Никола Груевски. Масивниот комплекс требаше да чини 150 милиони евра и беше инициран во 2008 година, кога започна изградбата на деловен објект од 33.600 метри квадратни веднаш до Скопскиот саем. Набрзо потоа градежните работи запреа, а проектот „Ера сити“ никогаш не беше реализиран.

Ј.М

 

 

 

11.08.2017 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа