Скопје и Сараево се збратимија

 

Градоначалниците на Скопје и на Сараево, Петре Шилегов и Абдулах Скака, денеска потпишаа Спогодба за збратимување.

- Оваа Спогодба претставува круна на еден процес кој се одвиваше во текот на една година, благодарност до нашите претходници и градската администрација, рече Шилегов по потпишувањето.

Сараево, како што рече, е 20-иот град со кој се збратимува Скопје и е последен град од поранешната Југословенска држава. Тој изрази благодарност до амбасадорката на БиХ во Македонија Лепа Бабиќ која многу се вложила во овој процес.

- Можеме да реализираме сериозна соработка зошто и Скопје и Сараево имаат исти или слични проблеми како загаденоста, урбанизмот, инфраструктурата,... Веќе парафиравме една спогодба за размена на искуства помеѓу јавните сообраќајни претпријатија на Скопје и на Сараево во делот на експлоатација на жичарници, размена на искуства во сообраќајот, потенцира Шилегов. 

 

 

 

 

14.11.2017 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа