Скопјанец со Тико се заби во бандера - со крварење на мозокот итно на Ургентен

Во 16 часот и 30 минути во Скопје на улица „2-ра Македонска Бригада“, 67-годишниот Ф.Н. од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Тико“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во канделабра за улично осветлување.

Возачот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и тоа внатрешни крварења во главата, по што во неконтактибилна состојба е префрлен и задржан на лекување во Комплекс Клиники "Мајка Тереза" Скопје, пренесе полицијата.

Извршен е увид на местото на настанот. 

 

 

 

14.02.2018 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа