Скопјанец отишол во тобако - му го украле џипот, го нашле во друг град

Вчера 24-годишниот С.Е. од Скопје пријавил дека околу 08 часот и 40 минути пред тобако на улицата „Московска“, од страна на две непознати лица му било одземено патничко возило „Ланд Ровер - Ренџер спорт“ со скопски регистарски ознаки.

С.Е. застанал пред маркет и возилото го оставил незаклучено и со мотор во функција. Во исто време слушнал отворање на врата од возило. Тој се обидел да ги спречи во намерата, но двајцата сторители со голема брзина го стартувале возилото и заминале во непознат правец. 

Околу 09 часот и 05минути полициски службеници го пронашле отворено возилото на патот Скопје – Тетово, во близина на селото Ласкарци. 

Во 14  часот возилото му било вратено на пријавителот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

14.11.2017 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа