Скопјанец направи сообраќајка и избега

На 18.06.2017 година во 03.30 часот на крстосницата од ул. „Васко Карангелевски“ и ул. „Ангел Димовски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која 37-годишниот С.М. од Скопје, управувајќи патничко возило „Волво С70“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и удрил во метална ограда од дворното место од објектот на Единицата за известување и командување при СВР Скопје, по што го напуштил местото. Од незгодата повредени лица нема, причинета е само материјална штета на возилото и оградата. Увид на местото на настанот  извршила увидна екипа од СВР Скопје. По преземени мерки лицето е пронајдено. 

 

 

 

18.06.2017 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа