Скопјанец фалсификувал диплома за да се вработи

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 44-годишниот М.П. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Како што соопшти МВР, во 2013 година пријавениот, заради вработување во Управата за водење на матични книги-Подрачно одделение за матично работење Скопје, приложил диплома со невистина содржина за положен четврти степен издадена од Техничко училиште „Зеќир Мусиќ” од Република Србија.

 

 

 

13.02.2018 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа