Скопјанец дошол дома и затекнал крадец во дневната па настанала драма

Во 23 часот и 20 минути синоќа, во СВР Скопје се јавил Д.Т. и телефонски пријавил дека на улицата „Македонска преродба“ во куќа, го затекнал 21-годишниот М.Д. како претура во дневната соба.

Полицијата информира дека откако крадецот  забележал дека бил виден, истиот физички го нападнал скопјанецот по што го напуштил местото на настанот.

Од страна на М.Д. одземени биле неутврдена сума на пари  кои му испаднале додека бегал, а истиот по кратко време од страна на полициски службеници бил пронајден и приведен во Полицијата во Ѓорче Петров, и во него биле пронајдени 5.500 денари.

Се работи на целосно расчистување на случајот.  

 

 

 

13.02.2018 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа