СЈО останува без една обвинителка

Специјалното јавно обвинителство потенцијално може да остане со уште еден обвинител помалку. Според неофицијални, но добро упатени извори, обвинителката Лиле Стефанова минатиот месец конкурирала за позиција во републичкото јавно обвинителство, пренесе АлсатМ.

Според неформални извори потенцијалното заминувања на Стефанова секако ќе влијае на капацитетите на обвинителството, иако олеснителна околност е што доаѓа по крајниот рок на СЈО за поднесување нови обвиненија. Ќе остане и прашањето, кој ќе ги застапува предметите пред суд доколку обвинителката замине.

Мотивите за овој чекор засега се непознати.

Инаку, Лиле Стефанова дојде во СЈО со речиси две децении искуство во обвинителството и тоа од позиција во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Ако таа си замине остануваат 10 обвинители вклучувајќи ја тука и Катица Јанева. 

 

 

 

23.08.2017 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа