СИТЕЛ: Груевски го свика Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Нема дилеми дека победникот во албанскиот политички блок треба да коалицира со победникот кај Македонците. Ахмети  во интервју за телевизијата 21 со јасен став дека принципот кој токму ДУИ го воведе по изборите во 2006 мора да се почитува од двете страни.

„Вистината е таа и не може да се негира, дека ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот кампус однесе победа на изборите. Таа вистина не може никој да ја оспори. Исто така вистина е дека ние во 2006та година инсистиравме, по срамниот акт на ВМРО-ДПМНЕ кон Албанците кога не ја земаа предвид волјата на мнозинството Албанци, принципот победникот да коалицира со победникот да важи за двете страни“.

Ахмети потенцира дека Груевски има право кога вели дека Македонците не го сакаат лидерот на ДУИ, но дека ја почитуваат волјата на мнозинството Албанци и поради тоа, ДУИ 15 години е дел од власта. Според него, ВМРО-ДПМНЕ има повеќе капацитет од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ е политички субјект кој има капацитет и чии 100 отсто од гласовите се Македонци. Секако дека има повеќе капацитет од СДСМ. Социјалдемократскиот сојуз сега во проценти не знам, и тие може грешат, бидејќи точната бројка не ја знам, но голем процент од гласовите не им се македонски гласачи. Може да биде 40, 45 или 35 отсто гласови кои не се на Македонци“. 

Во таква ситуација, Ахмети вели дека добро треба да се размисли пред да се формира новата коалиција, бидејќи во коалиција со СДСМ, никој не може да и гарантира сигурност на Македонија.

„Само момент. СДСМ не е победничка партија на изборите и кој ни гарантира нам за тоа колку стабилна ситуација ќе имаме. Секоја избрзана одлука може да предизвика последици. Во ситуација сме каде не брзаме никаде, туку 99 пати ќе размислиме а стотиот ќе пресечеме. “

Принципот на коалиција меѓу победниците во македонскиот и албанскиот политички блок беше воспоставен  со мајскиот договор во 2007 година инициран од ДУИ по кој, на изборите во 2008, интегративците станаа дел од власта. Од тогаш до изборите на 11 декември лани, двете политички партии заендо во 4 изборни циклуси по ред освојуваат апсолутно мнозинство во Собранието.

 
 
11.01.2017 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа