Сите жртви на нападот кај џамијата се муслимани - нападот мотивиран од исламофобија претставува злочин на омраза

 

Сите жртви од нападот што се случи крај џамијата во лондонската населба Фајнсбури Парк се муслимани, изјави претставникот на противтерористичката единица на лондонската полиција Нил Басу.

– Инцидентот ги има сите карактеристики на терористички акт, нагласи Басу. – Се уште не е познато дали смртниот случај покрај џамијата е последица од нападот со комбито и кои се мотивите за нападот, додаде тој.

Синоќа, по полноќ маж со комби влета во група верници кога излегувале од џамијата, при што едно лице загина а десетмина се повредени.

Напаѓачот (48) е упасен од страна на лондонската полиција.

 

 

 

19.06.2017 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа