Сите се плашеа од ова сценарио: Дури 300 џихадисти се вратиле на Балканот

Официјалните проценки на безбедносните служби на ЕУ и земјите од Западен Балкан покажуваат дека, од појавувањето на ИСИС, на Блискиот исток отишле да војуваат околу илјада луѓе од овие простори.

Дел од нив загинале во борбите во Сирија и Ирак, но дел се вратиле во своите матични земји, јавува “Гласот на Славонија”.

Се проценува дека од вкупниот број се вратиле 300 терористи, а околу 200 загинале. Остатокот се жените и децата кои борците го повеле со себе во војна.

/

Главниот секретар на Советот за регионална соработка – RCC, Горан Свилановиќ, на втората регионална конференција за борбата против тероризмот, рекол дека главна причина за радикализацијата се економските и социјалните проблеми. Исто така, проблем е и пропагандата.

“Тероризмот е еден од најголемите проблеми на државите и потребно е да се препознае и да се разбере за да биде победен. Потребно е рано соочување со предизвиците, потребна е активна поддршка од владите на земјите од регионот, но и финансиска поддршка од ЕУ. Претходната конференција, одржана во 2016. година во Тирана, се фокусирала на заминувањето на борците, а оваа на неутрализирање на влијанието на повратниците”, рекол главниот секретар на RCC.

Истражувањето со име “Игра на трпеливост: проценка и одговор на заканата која ја претставуваат борците повратници во Западен Балкан”, покажало дека од 2012. до 2017. година околу 5.000 луѓе од земјите на ЕУ отишле во Сирија и Ирак, а меѓу нив има околу 1.000 луѓе од Западен Балкан.

Виена и натаму е главнот место каде се радикализираат и организираат исламистите од регионот. Безбедносните експерти велат дека посебно внимание треба да се обрати и на зајакнувањето на радикалниот исламизам во Словенија, чие седиште е во Јесеница.

Словенечката разузнавачка служба веќе неколку години ги надгледува исламските организации во земјата. Исто така, најавиле дека радикалните исламисти во иднина би можеле да претставуааат непосредна закана по националната безбедност.

 

 

 

06.12.2017 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа