Синот на познатиот актер уапсен под дејство на дрога

Николас Ван Варенберг, синот на познатиот актер Жан Клод Ван Дам, бил уапсен во Аризона, откако под дејство на дрога направил инцидент во зградата во која живее.

21-Годишниот Николас е најмладиот син на популарниот акционен актер, а соседите повикале полиција откако тој започнал да дивее во лифтот и направил материјална штета.

Кога пристигнала полицијата, во ходникот биле забележани траги од крв, а вратата од станот ја отворил неговиот цимер. Ван Варенберг имал повреда на раката, но одбил да повика итна помош.

Само 20 минути подоцна неговиот цимер истрчал од станот и ја повикал полицијата да се врати. На полицајците и раскажал дека Николас го затворил во собата и му се заканувал со нож, бидејќи претходно им ја отворил вратата на полицијата.

Николас потоа бил уапсен и обвинет за напад со смртоносно оружје и поседување на наркотични средства.

 

 

 

12.09.2017 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа