Силен земјотрес го потресе Иран - се чекаат информации за штетите

Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала, денеска го погоди западниот дел на Иран.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Егзела, но тој се почувствувал и во Карманшаху.

Засега нема податоци за предизвикани материјални штети или жртви.

Минатиот месец истиот регион го погоди земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа најмалку 530 лица.

 

 

 

11.12.2017 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа