Силен пожар на Хрватското приморје- евакуирани туристи

 
 Голем пожар избувна ноќеска во близина на Макерска , на хрватското приморје . Хотелите и куќите во близина на местото Подгоре се евакуирани .
Над 200 пожарникари се на терен во близина на шумата Биоково , каде пожарот се шири поради силниот ветар.
Ветрот , што наместа достигнувал и 100 километри на час бргу го раширил пожарот , што стигнал до првите куќи и хотели .
Силниот оган се шири кон туристичкото место Тучепи . Поради силниот ветар пропадна обидот да се ангажираат и трите противпожарни авиони .
За сообраќај е затворена Јадранската магистрала на делот меѓу Подгора и Тучепи , а до Сплит се патува по локални патишта .
Извор: Канал 5
 
 
 
 

 

 

18.06.2017 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа