Шумски пожар беснее во Калифорнија

Над 1.600 пожарникари, помогнати од авиони и хеликоптери од воздух се бореа вчера со разорниот шумски пожар покрај Санта Барбара, кој се прошири претходната ноќ поради ветровитото и суво време. 

Пожарот избувна на 8 јули, а во петокот беше делумно изгаснат, но вечерта се разгоре нов пожар.

Околу три илјади лица, кои беа евакуирани од нивните домови покрај езерото Какума и во општината Голета поради првиот пожар, уште не се вратиле во домовите поради вториот пожар, кој претставув закана за населените места. 

Поради стихијата, која зафати површина од 7.027 хектари, една локална магистрала е затворена за движење.

 

 

 

16.07.2017 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа