Што треба да знае секоја жена која ќе забремени по 35. година

Една поговорка вели „годините не се ништо освен бројки“. Но, кога станува збор за здрава бременост, тогаш бројките воопшто не треба да се занемарат. Како и да е, најголемиот број здрави жени кои забремениле во 35. година, па дури и во својата 40. имаат здрави деца. Тоа не значи дека треба да се опуштите и да не ги преземете важните чекори. 

Сите бремени секој ден треба да земаат пренатални витамини кои содржат околу 400 микрограми фолна киселина. Секојдневното земање доволно количество фолна киселина во првите три месеци од бременоста помага во спречувањето на дефектите на мозокот и ’рбетниот столб на бебето. Под овој ризик повеќе подлежат повозрасните трудници, па затоа редовниот внес на фолна киселина е од посебна важност за нив и нивните бебиња. 

Колку вие сте поздрави толку е поздраво вашето бебе. Во текот на бременоста многу е битно редовно да посетувате стоматолог. Здравите заби и непца го намалуваат ризикот од предвремено породување. 

Во текот на бременост може да се јават тегоби кои не треба да ги игнорирате. Ако ги почувствувате следниве симптоми не чекајте, веднаш на лекар: Крварење, силна болка во стомакот, истекување на течност преку вагината, прекумерно повраќање, црвенило, оток и болка на еден од долните екстремитети, регуларни стегања на стомакот кои стануваат се почести и појаки, главоболка заедно со проблеми со видот, покачен крвен притисок и отоци кои по одмор и спиење не се повлекуваат, слаби движења на плодот или кога воопшто не ги чувствувате неговите движења.

 

 

 

14.09.2017 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа