Што сакаат, очекуваат и бараат мажите, според хороскопот, кај една жена

Секој хороскопски знак има различни особини, а со оглед на фактот дека мажите и жените се два различни светови, нивните хороскопски знаци многу се разликуваат. Па затоа е добро и мажите и жените да го прочитаат овој машки хороскоп.

ОВЕН

Добро граден, секогаш во убаво женско друштво. Кај жената ја сака женственоста и интелигенцијата. Посебно ги ценат жените кои умеат да комуницираат и кои не се плашат од нови контакти. Овенот е романтичен и добар љубовник.

БИК

Мажите на овој знак умеат да покажат љубомора и посесивност. Потешко е да ги заведете, за разлики од другите хороскопски знаци. Сакаат да бидат во среќна врска без компромиси, во која ќе ја бранат честа и сигурноста на избраничката.

БЛИЗНАЦИ

Шармантните и интелигентни Близнаци од далеку ќе ги препознаете, а жените крај нив секогаш мора да смислуваат нова забава и предизвици, бидејќи брзо сакаат промени.

РАК

Раковите имаат силна поврзаност со својата мајка, па затоа често бараат сериозна врска и се предадени на својата партнерка. Во жената најпрво ја здогледуваат убавината.

ЛАВ

Независниот и харизматичен Лав многу лесно доаѓа во центарот на внимание кај жените и таму останува. Партнерката мора да умее да ја разбере неговата страст за животот и да го охрабрува.

ДЕВИЦА

Среќни се кога жените покажуваат интерес за нивниот интелект. Главна маана им е недостатокот од самодоверба и од партнерката очекуваат приврзаност.

ВАГА

Со одлична смисла за хумор и шарм, Вагите се навистина добри љубовници. Кај жената прво ја бараат физичката убавина, па дури потоа доблестите кои ги поседува.

СКОРПИЈА

Секогаш се верни кон жената која им се допаѓа и имаат голем сексуален апетит. Овие мажи едноставно уживаат во креветот, а физичката убавина кај жената секогаш им е на второ место.

СТРЕЛЕЦ

Стрелецот нема ни трошка љубомора и повеќе од сѐ ја цени слободата и довербата. Нема да и замери на партнерката ако го запостави својот физички изглед, бидејќи тој не обрнува внимание на физичкото.

ЈАРЕЦ

Секогаш сака да има господарска положба, затоа никогаш не би барал жена со која ги дели истите амбиции. Зависниците од контрола, секогаш сакаат жени кои умеат добро да се однесуваат во друштво.

ВОДОЛИЈА

Секогаш завршуваат со постара, поискусна жена која има разбирање за нивните соништа и склоноста кон тишината. Умеат да ја возвратат љубовта доколку се во искрена врска, без притисоци.

РИБИ

Чувствителните и интуитивни Риби секогаш бараат личност со која заедно ќе се спротивстават на сите животни неволји. Привлечни се и верни, а од жената очекуваат понекогаш таа да го направи првиот чекор.

 

 

 

 

07.12.2017 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа