Што прави денес победникот на „Операција триум“ - еве како Аднан живее во Америка

Победникот на балканската „Операција триумф“ – 2008, Аднан  Бабајиќ,  дури во 2011-тата го издал во својот роден крај,  долгоочекуваниот албум кој го доби како награда во шоуто.

Но… Никој надвор од Босна, не слушна ниту за него, ниту за албумот, а за време на Операција Триумф беше актуелен во сите Ex Yu држави, а воедно му беше ветувана светска слава како победник, договори и што ли уште не.

На албумот се појави и песна компонирана од Емина Јаховиќ, а по издавањето пејачот најави промоција во Белград и Сараево, како и почеток на кариерата.

Сепак ништо, публиката веќе го заборави не само него, туку и сите учесници во шоуто кои имаа неколку кратки обиди за започнување на кариера во своите земји.

Денес Аднан живее во Чикаго и таму чекор по чекор создава кариера.

Според последните фотографии на социјалните мрежи се гледа дека живее убаво и дека воопшто не му фали Балканот.

 

 

 

13.09.2017 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа