Шест лоши навики кои ви го уништуваат автомобилот

Колку подолго возите автомобил, толку повеќе стекнувате возачки навики. За жал, не секогаш тие навики се добри, а колку сте поискусни, толку станува потешко да ги промените.

Во продолжение, погледнете кои лоши навики го уништуваат Вашиот автомобил. 

Ја држите раката на менувачот

Многумина имаат навика да ја држат раката врз менувачот додека возат. Ова треба да се избегнува од неколку причини, а најочигледна е онаа која вели дека треба да ги држите двете раце на воланот. Следната причина е тоа што овој мал, но значаен притосок на менувачот ja oштетува гумата и доведува до поместување на запчаниците, што со текот на времето доведува до проблем со менување на брзините.

Дополнувате гориво само кога резервоарот е речиси празен

Кога автомобилот не е во употреба, во резервоарот се акумулираат нечистотии од горивото кои се таложат на дното. Овие нечистотии навлегуваат во пумпата за гориво и филтрите и предизвикуваат штета. Затоа, за време на зимските месеци осигурајте се секогаш да имате барем половина полн резервоар, со цел да избегнете формирање на големи количини на кондензат. При ниски температури во кои водата мрзне, присуството на вода во резервоарот може да доведе до деформација на истиот и други проблеми.

Често кочење

„Кога возите, држете дистанца и движете се според сообраќајот“ е нешто на што постојано Ве учат при обуката за возење. Но доколку често непотребно ја притискате кочницата, ќе треба да потрошите голема сума на пари за редовно менување на дисковите.

За да го избегнете ова, неодложно менувајте го цревото на кочниците и водете сметка за количината на течност за кочници.

Ги игнорирате сомнителните звуци

Чкрипењето и другите необични звуци може да бидат знак дека нешто не е како што треба. Многу возачи се склони кон игнорирање на овие звуци, па како резултат на тоа често пати им се случува да им се расипат возилата на сред пат.

Доколку Вашиот автомобил емитува неприродни звуци, направете проверка со цел да го откриете и решите проблемот на време.

Не го загревате моторот со голем број на вртежи

Поголемиот дел од модерните автомобили немаат потреба од загревање на моторот. Сепак, вреди да се запамети дека додека мерачот за температура не покаже оптимална температура, не треба да развивате повеќе од 2000 вртежи. При ниски температури, се препорачува моторот да работи 1-2 минути пред да тргнете со автомобилот.

Го држите стапалото на кочницата при возење во надолнина

Голем дел од возачите го држат стапалото на педалата за кочење додека се спуштаат по надолнина, со цел да можат да ја притиснат во секој момент. Ова може да доведе до прегревање на системот за кочење и брзо трошење на дисковите и гуртните.

Вистинскиот начин да се спуштите по надолнина е да смените во пониска брзина и да го користите моторното кочење.

 

 

 

13.09.2017 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа