Шекеринска: Извештаите од несреќата кај Блаце ќе му се предадат на јавниот обвинител

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска беше на одбележувањето 10 години од хеликоптерската несреќа кај Блаце.

Таа посочи дека сите податоци и извештаи за несреќата ќе му бидат предадени на новиот јавен обвинител.

- Како и претходните месеци, имав средби со дел од семејствата и од нив чув некои критики во поглед на истрагите кои се водеа околу причините за несреќата и тие го искажаа нивното незадоволство. Презедов обврска дека сите податоци и извештаи кои се достапни во Министерството за одбрана ќе бидат предадени на новиот јавен обвинител доколку сеуште постојат дилеми околу причините кои доведоа до несреќата, изјави денеска Шеќеринска.

За потсетување, во несреќата загинаа 11 припадници на АРМ.

 

 

 

12.01.2018 - 15:16
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа