Сфатете сериозно - ако урината ви е обоена имате симптоми на тешка болест

Здравата урина има боја на слама - бледожолта и проѕирна, но со текот на времето може да се појави во сите бои од виножитотот, од портокалова до розева, кафеава и црна.

Матна или бела

Матната урина обично укажува на бактериска инфекција. Кога уринарниот тракт  е инфициран испраќа бели крвни ќелии, а некои од нив излегуваат низ урината.

Портокалова

Портокаловата урина може да биде обоена со бета-каротен, кој го содржи морковот. Луѓето кои јадат голема количина на морков имаат портокалова урина.

Виолетова

Виолетовата урина може да биде причина за болеста наречена порфирија, која погодува околу 30.000 луѓе годишно, главно во Велика Британија и Јужна Африка.

Розова до црвенкаста

Не паничете доколку сте конзумирале цвекло или боровинки. Розевата урина укажува на крв која и не мора да значи дека е опасна, доколку сте имале скоро сексуални односи или пак сте пред мензис. Сепак крвта во урината знае да укаже и на проблем со бубрезите. Одете на лекар за секој случај.

Зелена или сина нијанса во урината–

Постои ретка генетска болест која ја прави урината зелена или сина. Исто така некои бактерии можат да бидат причина за ваква обоеност. Може и консумацијата на некој лек да го предизвика тоа. Како и да е, ако бојата се задржи подолго, посетете лекар.

Пенаста урина –

Ако се јавува повремено, се работи за безопасна појава, но може да значи дека јадете премногу протеини или имате проблеми со бубрезите. Посетете лекар ако ова трае континуирано и подолго време.

 

 

 

04.08.2017 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа