Серија од три земјотреси ја погодија Хрватска

Во рок од еден час и половина во Ријека синоќа удриле три послаби земјотреси, кои не предизвикале материјална штета.

Хрватските сеизомолошки служби забележалеслаб потрес во 21 часот и 57 минути со епицентар во Ријека.

Магнитудата на потресот изнесувала 2,2 степени според Рихтеровата скала.

Само петнаесет минути подоцна дошло и до ново тресење на тлото.

Потресот се почувствувал низ целиот град и бил посилен од претходниот.

Третиот земјотрес се случил во 22 часот и 28 минути, пишуваат хрватските медиуми.

 

 

 

13.11.2017 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа