Село само со мажи- страшно е тоа што се случило со жените

„Официјалната статистика која вели дека просечниот живот на жените за некои пет години е подолг од животот на мажите во старопланинското село Покревеник, на некои 14 километри од Пирот, не важи“.Во селото на некогашните сточари и печалбари, многу сегашни пензионери, некои пред, некои подоцна, останале без своите животни сопатници, што, како што велат, за нив е најлоша казна.

Секој динар кој го донеле во селото или градот каде воглавно ги дигаат новите куќи, го заработувале крваво и после се, се принудени да и понатаму се мачат.

„Нема полоша казна од тоа да мажот ја надживее жената. Во секоја куќа се чувствува кога има недостиг на женска рака. Мораш сам да мислиш како ќе ја подготвиш храната, да исчистиш, да испереш, да ја нахраниш онаа малку стока што ти останала. Долго сме одвоени од нив, се гледавме само неколку пати годишно, и кога, во старите денови требаше да бидеме заедно, многу починаа“, велат мештаните за своите страшни судбини затоа што прилично е страшно да речиси сите жени починале, а да мажите останат живи…

„Особено во последните неколку зими. Баш онако како што се мачевме на терените од Суботица до Прешево, така тие овде не влечеа и работеа тешки работи. Ден за ден, година за година, организмот попушта. Освен секојдневните селански работи, децата сами се одгледуваа“, зборуваат Драган, Јеленко, Богдан, Јован, Љубомир, додека пред продавницата чекаат да стигне лебот од Пирот.

 

 

 

19.05.2017 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа