Се укинува плаќањето за повторно поднесување пријава во Катастарот

Граѓаните кои од страна на Агенцијата за катастар на недвижности се одбиени по било кој основ од денеска нема повеќе да плаќаат надомест за повторно поднесување на пријава.

Тоа значи дека од денеска се укинува плаќањето за повторно поднесување пријава во Агенцијата за катастар на недвижности. 

Директорот на Катастарот Борис Тунџев по минатонеделната средба со министерот за транспорт и врски изјави дека работат на адаптирање на електронскиот шалтер којшто треба да ја овозможи реализацијата на оваа мерка. 

Од Катастарот најавуваат намалување и на дел други услуги како што се надоместокот којшто граѓаните го плаќаат за запишување на одредени права, како и намалувања во сегментот на користење на податоците од Агенцијата на катастер. 

 

 

 

01.09.2017 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа