Се сеќавате на ова копче на старите компјутери- имаше најдобра функција, а потоа го отстранија

Сите со носталгија се сеќаваме на ова копче кое компјутерите го имаа со години, а потоа едноставно исчезна.

Станува збор за турбо копчето, кое корисниците го обожаваа, бидејќи биле убедени дека знаат како работи.

Меѓутоа, малку од нив всушност знаеше дека со притискање на турбо копчето нивниот компјутер ќе работи побрзо од својата максимална брзина. Тоа што всушност се случувало е дека компјутерот повеќе не работи бавно како обично, туку се забрзува до својата конфигурациска брзина. 

Потоа, произведувачите дошле до идеја турбо да биде автоматски приклучено, бидејќи во спротивно многу луѓе ќе ги користат своите компјутери со помала брзина, не знаејќи дека треба да го притиснат копчето за започнување на подобри перформанси.

Со развивањето на технологијата турбо тастерите повеќе не се потребни, бидејќи програмерите престанале да дизајнираат софтвери чија работа ќе зависи од брзината на тактот, а и корисниците со текот на времето престанале да ги користат своите стари софтвери кои работат добро на било кој процесор.

 

 

 

19.05.2017 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа