Се празнуваат мачениците кои ги убија поради вербата во Христа

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 ноември.

Денеска е Св. маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Афтониј, Елпифидор и други.

Сите овие пострадаа во Персија, за време на гонењето од страна на богоборниот цар Сапор, во четвртиот век. Прво Сапор дозна дека Акиндин, Пигасиј и Анемподист, кои беа слуги на неговиот двор, се христијани и ги стави на маки. Додека ги мачеше, се пројави Божјата сила врз овие тројца, зашто во сите измачувања остануваа неповредени. Чудото го потресе Афтониј, еден од џелатите, па поверува во Христа, за што беше погубен. Еден дворски великодостојник Елпифидор, инаку таен христијанин, го прекори царот што измачува невини луѓе, па и тој беше погубен, заедно со уште 7000 други христијани. Најпосле, џелатите ги убија и светите Акиндин, Пигасиј и Анемподист и уште некои војници, а и мајката на царот, зашто и тие веруваа во воскреснатиот Христос.

 

 

 

15.11.2017 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа