Се отвори небото над Мадрид за да ги сокрие солзите на навивачите на Атлетико

Штом Гизман ја затресе мрежата на Реал Мадрид, целиот стадион „Висенте Калдерон“ згрме од скандирања и овации на домашните навивачи

Навивачите на Атлетико се познати по својата темпераментност и бурно навивање кога настапува нивниот омилен тим.

Тоа го покажаа и вечерва на дуелот против Реал Мадрид кога Гизман го постигна вториот гол за Атлетико во полуфиналната средба од Лигата на шампионите.

Штом Гизман ја затресе мрежата на Реал Мадрид, целиот стадион „Висенте Калдерон“ згрме од скандирања и овации на домашните навивачи. Тоа беше гол за водство од 2:0 во реваншот од полуфиналниот дуел.

Сепак, радоста не траеше долго. Иско во 42. минута постигна гол за Реал и го намали водството на Атлетико на 2:1.

 

 

 

 

10.05.2017 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа