Се откажува прославата за Нова година на Градскиот плоштад - парите ќе се донираат во Детската болница Козле

 Се откажува пречекот на Новата 2018 година, а планираните средства ќе се донираат за Детската болница Козле. Ова на денешната седница на Советот на Град Скопје го соопшти градоначалникот Петре Шилегов.

Шилегов истакна дека следејќи ги препораките да не се одржуваат средби на отворено, пречекот се откажува и ги повика и спонзорите да ги донираат средствата предвидени за прославата на оваа ноќ во добротворни цели.

- Ќе го повикам главниот спонзор Телеком да направиме напори тие средства да завршат таму кадешто се најпотребни, истакна Шилегов на денешната седница на Советот.

Ова е вторпат прославата за Нова година во Скопје да биде откажана, откако минатата година се донесе истата одлука. Градските власти информираат дека ќе се одржат предновогодишните празнични активности-базар на ракотворби, дедомразовски трки, детска програма.

 

 

 

20.11.2017 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа