Се огласи и Русија во врска со атентатот на Оливер Ивановиќ

Москва го осудува убиството на српскиот политичар Оливер Ивановиќ на Косово и Метохија и очекува детална истрага за убиството, соопшти Министеството за надворешни работи во Русија.

-За жал дознавме за убиството на познатиот политичар Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на Србите кои живеат на северно Косово. Го изразуваме своето најдлабоко сочувство за неговото семејство и пријателите. Остро го осудуваме овој гнасен чин. Наплаќање на политички сметки на овој начин допринесува да расте атмосферата на тероро и меѓуетнички немири во регионот. Ги повикуваме сите меѓународни организации присутни на Косово, во склад сомандатите, да преземат мерки за спречување на евентуални инциденти во покраината - се наведува во соопштението.

 

 

 

16.01.2018 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа