Се огласи и Марадона за спорниот пенал на мечот Реал- Јуве

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, Аргентинецот Диего Армандо Марадона излезе со свој коментар за спорниот пенал кој во средата вечерта беше досуден во четвртфиналето од Лигата на шампионите помеѓу мадридски Реал и торински Јувентус.

Иако речиси секогаш во своите изјави фудбалската легенда е против италијанскиот шампион, најмногу поради ривалитетот на Јувентус со „неговиот“ Наполи, сепак овој пат Марадона застана на страна на Јувентус и порача дека италијанскиот клуб бил оштетен од страна на англискиот судија Мајкл оливер со пеналот досуден во последните секунди од мечот.

–Немаше пенал, апсолутнo!, порачува Марадона на социјалните мрежи, пренесуваат италијанските медиуми

После мечот во Мадрид, се разви голема дебата во фудбалскиот, но и воопшто спортскиот свет, за тоа дали Реал Мадрид беше награден, а Јувентус оштетен.

Голем дел од бројните фудбалски познавачи се на ставот дека Јувентус беше оштетен, не поради фактот што контакт помеѓу Бенатија и Васкез не постоеше, туку поради тоа што контактот не беше доволен за англискиот судија да го реши патникот во полуфиналето на таков начин, со пенал во последните секунди.

 

 

 

14.04.2018 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа