Се огласи девојката на Никола: Таа му се закани дека ќе го убие

Сегашната девојката на починатиот моторциклист Никола Турека, Мартина, изјави како тој со поранешната девојка, која со нож го прободела во врат, сакал засекогаш да заврши затоа што го опседнала и на крај раскинала.

 
-Му се закани дека ќе се убие- вели Мартина
Со Никола се најде во ноќта меѓу средата и четвртокот, затоа што му се закани дека ќе се убие, изјави Мартина за „eVarazdin“.
 
Буничева во моментот се наоѓа во истражен затвор, каде и е одреден едномесечен притвор и се брани дека убиството го сторила во самоодбрана, и тврди дека се бранела од силување!
 
Нуша по потекло од Сиска, а во Вараждин стигнала затоа што е посвоена, пред три години момчето  со кое била во врска се предозирало со дрога и починао, а многумина тој настан го сметаат како клучен за проблематичното однесување на девојката.
 
-Таа е темпирана бомба и  има недостиг со самопочитта и опсесивно е љубоморна- изјави нејзин познаник, додека другите кои разговарале со новинарите велат дека имале лоши искуства со неа.

За Никола Турека, претседателот на Мото клубот Барокер, и сите оние кои го познавале имаат само пофални зборови.

Неговата девојка објави заедничка фотка, на која се заблагодарила за сите убави моменти поминати заедно.

Погребот е закажан за вторник во 14 часот.

Потсетуваме дека Никола беше прободен со нож во автомобил од неговата поранешна девојка, и почина во болница после неколку дена како последица на тоа што загубил многу крв.

 

 

 

 

 

19.06.2017 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа