СДСМ бега од предвремени парламентарни избори заедно со локалните

СДСМ бега од предвремени парламентарни избори заедно со локалните. Ова го потврди и генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски кој денеска заедно со Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ гостуваа во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тодоров потенцираше доколку локалните и парламентарните избори се одржат на ист ден граѓаните ќе може да се изјаснат за се што се случуваше изминатиов период, но според Спасовски парламентарните избори нема да донесат ништо ново.

-Ако локалните избори се одржат на 15 октомври, зошто на истиот ден да не се одржат и парламентарни избори, трошокот нема да биде поголем и граѓаните ќе можат да се изјаснат за тоа дали сето тоа што се случуваше во изминатиов период го одобруваат или не, вели Тодоров.

-Во однос на парламентарните избори тие нема да донесат ништо ново да ги одржиме и денеска и да ги одржиме во октомври, вели Спасовски.

 

 

 

19.05.2017 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа