Саша Богдановиќ ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Центар

Саша Богдановиќ, директорот на јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар, потврдија за НОВА ТВ извори од партијата.

Според нашите извори се очекува попладнево оваа одлука да ја потврди и општинската организација на партијата.

Лидерот на СДСМ вчера во емисија на „Телевизија 24“ рече дека Жерновски ќе се повлече од трката за градоначалник на Центар.

Како што велат нашите извори, се работи и на советничките листи во оваа општина. Од граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар маало“ имале средба со СДСМ и се очекува нивни претставници да се најдат на листите за советници во Центар.

Утрово, Жерновски на својот профил на Фејсбук напиша дека ја повлекува својата кандидатура за градоначалник на Центар, а борбата ќе ја продолжи на висока позиција во извршната власт.

Крајниот рок за поднесување на кандидатските листи до Државната изборна комисија истекува утре на полноќ.

 

 

 

13.09.2017 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа