Сараево покриен со снежна прекривка - издаден жолт метеоаларм

Во главниот град на БиХ, Сараево синоќа падна снег, а метеоролозите прогласија „жолт“ метео аларм и предупредија на нови снежни врнежи во текот на ноќта во поголемиот дел од земјата.

Синоќа во Сараево била измерена температура од два степени Целзиусови, а за денес е најавено спуштање на живата во термометрите и под нулата.  

Метеоролозите предвидуваат врнежи од снег и во следните денови и формирање снежна покривка од пет до 15 сантиметри во поголемиот дел од БиХ. 

 

 

 

14.11.2017 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа