Реконструирани седум улици во велешко Мамутчево

Во велешкото село Мамутчево денеска заврши реконструкцијата на седум улици.

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев, кој изврши увид, информира дека реконструкцијата на улиците чини шест милиони денари преку проект од ЕУ, администрирани според правилата на Светската банка.

- Вкупната должина на седумте улици во ова населено место е 1.007 метри. Две улици во должина од 375 метри, лоцирани во центарот, се афалтирани. Останатите пет во должина од 632 метри се бетонирани, информира Чадиев. Тој се сретна и со месното население и го слушна нивното мислење за проектот.

Во текот на денот ќе бидат изработени и банкините за проектот и официјално да биде завршен. 

Градоначачникот Чадиев најави дека во наредниот период инфраструктирни проекти ќе се реализираат и во уште неколку населени места во општина Велес.

 

 

 

19.06.2017 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа