Реформите за прислушувањето одат во Собрание

Членовите на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија прифатија денеска Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации, кои се поврзани со реформите во системот за следење на комуникации да оди во натамошна собраниска процедура.

Со измените на законот се определува точното времетраење во кое операторите се должни да ги задржуваат податоците за моменталната географска, физичка или логичка локација на терминалната опрема на своите претплатници, односно корисници, а со тоа нема да се нарушат правата. 

На седницата помина и Предлог – законот за изменување на Законот за електронските комуникации во второ читање.

 

 

 

12.01.2018 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа