Реал му дава целосна поддршка на Роналдо

Реал Мадрид се огласи со соопштение во кое изразува целосна поддршка и доверба кон својата прва ѕвезда Кристијано Роналдо по обвинението дека затајувал данок.

Во вторникот јавниот обвинител на Шпанија објави дека Кристијано Роналдо е осомничени за затајување данок кон државата во висина од 14,7 милиони евра во периодот 2011-2014 година и поради тоа против него е поднесено обвинение.

Во соопштението од Реал Мадрид, меѓу другото стои дека клубот целосно го поддржува својот играч кој веќе негираше дека има било каква поврзаност со затајување данок, за што тој беше обвинет.

- Реал Мадрид има голема доверба во својот фудбалер Кристијано Роналдо кој, како што разбравме, е обвинет за даночно затајување и избегнување на фискалните обврски кон државата.

0д неговото доаѓање во клубот во јули 2009 година, Роналдо отсекогаш покажува подготвеност да ги исполни сите свои обврски вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на плаќањето на даноците.

Реал е апсолутно убеден дека Кристијано Роналдо во судот ќе ја докаже својата невиност. Исто така, ние се надеваме дека правдата ќе излезе што е можно поскоро, се вели во соопштението.

 

 

 

18.06.2017 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа